Posts

Showing posts from December, 2018

Прашања и задачи

                      ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ -Прашања 1. Каде е сместена Европа во однос на екваторот и почетниот меридијан? 2. На карта покажи ги крајните точки на Европа! 3. На кои мориња и океани излегува Европа? 4. Зошто Европа има централна местоположба? 5. Покажи ги границите на Европа на карта! 6. Колку изнесува површината на Европа? -Задача Набљудувај ја картата на Европа и пронајди ги: *морињата на кои излегува *планинските масиви *поголемите реки *поголемите острови *најкарактеристичните протоци

Географска положба, граници и големина-Географска положба

                  ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА Европа е западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата која се нарекува Евроазија. Иако природно е поврзана со Азија, поради историските, културните, политичките и стопанските одлики се издвојува како посебен континент. Во однос на екваторот се наоѓа на северната хемисфера, а во однос на почетниот меридијан со поголемиот дел од територијата се простира на источната полутопка. Се простира меѓу Средоземното Море на југ и Арктичкиот Океан на север и меѓу Атлантскиот Океан на запад и планината Урал на исток. Поточно крајни точки на европското копно се: 'рт Мароки-најјужна  'рт Норткин-најсеверна 'рт Рока-најзападна на пл. Урал-најисточна Наведената географска положба на Европа и овозможува излез на Атлантскиот Океан и на Средоземното Море. Благодарение на Гибралтарскиот Проток и на Суетскиот Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14к...