Географска положба, граници и големина-Географска положба
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА
Европа е западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата која се нарекува Евроазија. Иако природно е поврзана со Азија, поради историските, културните, политичките и стопанските одлики се издвојува како посебен континент. Во однос на екваторот се наоѓа на северната хемисфера, а во однос на почетниот меридијан со поголемиот дел од територијата се простира на источната полутопка. Се простира меѓу Средоземното Море на југ и Арктичкиот Океан на север и меѓу Атлантскиот Океан на запад и планината Урал на исток. Поточно крајни точки на европското копно се:
'рт Мароки-најјужна
'рт Норткин-најсеверна
'рт Рока-најзападна
на пл. Урал-најисточна
Наведената географска положба на Европа и овозможува излез на Атлантскиот Океан и на Средоземното Море. Благодарение на Гибралтарскиот Проток и на Суетскиот Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14км кај Гибралтар и 140км кај Сицилија, а врската со Азија преку Суетскиот Канал, Босфор и Дарданели и непосредната граница спрема Азија за Европа обезбедуваат централна положба во светски рамки. Во прилог на тоа е и комуникацијата на Европа со Северна Америка преку Атлантскиот Океан, на оддалеченост од околу 5900км.
-Граници
Границите на Европа се протегаат по источното подножје на планината Урал-реката Урал-Каспиското Езеро-удолината Манич-Црното Море-Босфор-Мраморното Море-Дарданели-Егејското Море-Средоземното Море-Атлантскиот Океан-Арктичкиот Океан. Во Европа, покрај крајбрежните се вбројуваат и поголеми острови, како што се: Нова Земја, Земјата на Франц Јозеф, Свалбард, Мечкиниот Остров, Јан Маен, Исланд, Фарските Острови, Велика Британија и Ирска, како и островите во Средоземното Море, со исклучок на Кипар и некои крајбрежни турски острови.
-Големина
Површината на Европа со островите изнесува 10 508 384км2, или околу 2% од површината на Земјата, односно околу 7,5% од копното на
Земјата.
Comments
Post a Comment