Posts

Showing posts from March, 2019

Европа

Image
                                                          ЕВРОПА карта на Европа фјордови во Норвешка гибралтарски проток босфор и дарданели

Прашања и задачи

                                          Прашања и задачи Прашања 1. Кои се таканаречените средоземни мориња во Европа? 2. Што се фјордови и каде ги има? 3. Што се протоци? 4. Наброј неколку поважни протоци што се наоѓаат околу европскиот континент! 5. Кои се поголеми полуострови во Европа? 6. Наброј ги поголемите острови што се наоѓаат во Европа! 7. Што се внатрешни мориња? 8. Наброј некои од внатрешните мориња! Задачи 1. Пронајди ги државите со најразгранета брегова линија. 2. На картата пронајди ги морињата, заливите, островите и полуостровите што ја прават бреговата разгранетост на Северна, на Западна и на Јижна Европа. 3. На картата пронајди ги најважните протоци околу европскиот континент!

Брегова разгранетост на Европскиот континент

Брегова разгранетост на Европскиот континент Европа со големиот број   полуострови ,  заливи, протоци, фјордови и други абразивни форми се одликува со најразгранета брегова линија меѓу континенталните маси на Земјата.  Големата брегова разгранетост е резултат на двете големи средоземни мориња, и тоа: Балтичкото Море и Средоземното Море, каде што се наоѓаат поголем број издвоени мориња, заливи, острови и полуострови. Во северните делови на Европа бреговата разгранетост ја создаваат брговите на Белото Море, кое со повеќе заливи длабоко навлегува во копното меѓу полуостровите Кола и Канин. Во Баренцовото Море се наоѓаат островите Нова Земја, Земјата на Франц Јозеф и Свалбард; разгранетиот норвешки брег има илјадници мали острови и многубројни тесни и издолжени заливи, наречени  ф јордови .  Ваквата брегова линија продолжува кон западните делови на Европа, каде што од Северното Море преку протоците Скагерак и Категак меѓу Скандинавскиот Полуостров и полуостров...