Posts

Европа

Image
                                                          ЕВРОПА карта на Европа фјордови во Норвешка гибралтарски проток босфор и дарданели

Прашања и задачи

                                          Прашања и задачи Прашања 1. Кои се таканаречените средоземни мориња во Европа? 2. Што се фјордови и каде ги има? 3. Што се протоци? 4. Наброј неколку поважни протоци што се наоѓаат околу европскиот континент! 5. Кои се поголеми полуострови во Европа? 6. Наброј ги поголемите острови што се наоѓаат во Европа! 7. Што се внатрешни мориња? 8. Наброј некои од внатрешните мориња! Задачи 1. Пронајди ги државите со најразгранета брегова линија. 2. На картата пронајди ги морињата, заливите, островите и полуостровите што ја прават бреговата разгранетост на Северна, на Западна и на Јижна Европа. 3. На картата пронајди ги најважните протоци околу европскиот континент!

Брегова разгранетост на Европскиот континент

Брегова разгранетост на Европскиот континент Европа со големиот број   полуострови ,  заливи, протоци, фјордови и други абразивни форми се одликува со најразгранета брегова линија меѓу континенталните маси на Земјата.  Големата брегова разгранетост е резултат на двете големи средоземни мориња, и тоа: Балтичкото Море и Средоземното Море, каде што се наоѓаат поголем број издвоени мориња, заливи, острови и полуострови. Во северните делови на Европа бреговата разгранетост ја создаваат брговите на Белото Море, кое со повеќе заливи длабоко навлегува во копното меѓу полуостровите Кола и Канин. Во Баренцовото Море се наоѓаат островите Нова Земја, Земјата на Франц Јозеф и Свалбард; разгранетиот норвешки брег има илјадници мали острови и многубројни тесни и издолжени заливи, наречени  ф јордови .  Ваквата брегова линија продолжува кон западните делови на Европа, каде што од Северното Море преку протоците Скагерак и Категак меѓу Скандинавскиот Полуостров и полуостров...

Прашања и задачи

                      ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ -Прашања 1. Каде е сместена Европа во однос на екваторот и почетниот меридијан? 2. На карта покажи ги крајните точки на Европа! 3. На кои мориња и океани излегува Европа? 4. Зошто Европа има централна местоположба? 5. Покажи ги границите на Европа на карта! 6. Колку изнесува површината на Европа? -Задача Набљудувај ја картата на Европа и пронајди ги: *морињата на кои излегува *планинските масиви *поголемите реки *поголемите острови *најкарактеристичните протоци

Географска положба, граници и големина-Географска положба

                  ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА Европа е западниот полуостров на најголемата копнена маса на Земјата која се нарекува Евроазија. Иако природно е поврзана со Азија, поради историските, културните, политичките и стопанските одлики се издвојува како посебен континент. Во однос на екваторот се наоѓа на северната хемисфера, а во однос на почетниот меридијан со поголемиот дел од територијата се простира на источната полутопка. Се простира меѓу Средоземното Море на југ и Арктичкиот Океан на север и меѓу Атлантскиот Океан на запад и планината Урал на исток. Поточно крајни точки на европското копно се: 'рт Мароки-најјужна  'рт Норткин-најсеверна 'рт Рока-најзападна на пл. Урал-најисточна Наведената географска положба на Европа и овозможува излез на Атлантскиот Океан и на Средоземното Море. Благодарение на Гибралтарскиот Проток и на Суетскиот Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14к...

Тема 1

                                                                ТЕМА 1                ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ                            КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕВРОПА ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕВРОПА: Географска положба, граници и големина Брегова разгранетост на Европскиот континент Релјефни карактеристики на Европа Клима и вегетација Хидрографија

Вовед

                                                            Во вед    💗Почитувани другари, на овој блог ќе можете да се запознаете со географијата за осмо одделение. Во оваа географија за осмо ќе се запознаеме со географијата во Европа и Азија. Низ разни лекции, прашања и задачи ќе научиме нешто ново, а она што веќе го знаеме само ќе го повториме. Се надевам дека овој блог ќе ви биде интересен за читање.💗